Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Преку 500 КС во Nissan GT-R
20.05.2010

Јапонскиот Годзила се враќа на сцена е првата мисла за модернизираниот монструм на Nissan, GT-R кој што доаѓа за околу две години и под хаубата ќе пакува преку 500 коњски сили.

nissan-gt-r-2010-1

Факт е дека јапонската супермашина хомологирана за да вози во редовен сообраќај, до сега, на колена фрли многу развикани спортисти, но не баш сите и затоа јапонските инженери одат уште подалеку.

Нивната цел е во околу две години развој да направат следбеник на актуелниот Nissan GT-R чив мотор ќе остварува моќност од преку 500 КС и максимален вртежен момент од преку 600 Nm.

Секако сета оваа снага ќе се испраќа до сите четири тркала и ќе му донесе на Nissan GT-R уште постравични перформанси.

Секако за да се одбележи обновата ќе бидат направени одредени измени и во надворешниот дизајн, но како што истакнуваат јапонските инженери тие ќе имаат за цел подобрување на аеродинамичките карактеристики на автомобилот.

Покрај подобрата аеродинамика Nissan GT-R од 2012 ќе носи и нов сопирачки систем со за околу една третина поголема моќ при сопирање и подобрена суспензија кои треба да се носат со поголемата моќност на 3.8 литарскиот V6 турбо бензинец.

Интересно е што тестното муле на Nissan GT-R за 2012 веќе тестира на патеката во Нирбугринг. Прототипот вози под маска на актуелниот модел и наскоро треба да почне да ги соборува веќе поставените рекорди на Нордшлајфе.

Колкава ќе биде разликата по круг во однос на актуелниот модел ќе дознаеме во втората половина на следната година кога Nissan планира официјално да го претстави новиот Годзила.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook