Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Премиера на BMW 6 Cabrio
17.01.2011

BMW одлучи да ја сврти традицијата наопаку и во Детроит место прво премиерно да го претстави купето од Серија 6 го претстави кабриолетот кој беше најавен уште од минатата есен во ноември.

bmw-6-cabrio-1-2011-1

Со новата генерација на Серија 6, BMW како да реши да ја претпочита револуција место еволуција. Стилот кој директно произлегува од концептот на купе со четири врати Gran Coupe како да го препородува новото големо купе на BMW.

Она што го нуди BMW 6 Cabrio e динамика и луксуз кои произлегуваат од атлетска елеганција на каросеријата на која доминира долгата хауба, кабината повлечена кон назад и рамната хоризонтална линија на појасот.

Платнениот кров затворен е интегрален дел од каросеријата. Тогаш BMW 6 Cabrio делува како купе. Вината лежи во двете перки на кровот кои продолжуваат кон задните крила, а меѓу нив, далеку назад, повлечено стои малото вертикално задно стакло, кое може да се спушта и подига независно од кровот.

Па така заедно со спуштените задни странични стакла и стаклата на вратите дури и со затворен кров BMW 6 Cabrio на патниците им нуди доволно провев. Тука е и опцијата да се возите со спуштен кров и подигнати странични и задно стакло намалувајќи го струењето на воздух низ кабината која личи на стаклена градина.

Кога сме кај платнениот кров интересен податок е дека му требаат само 19 секунди за спуштање, или 24 секунди за кревање и сето тоа може да се одвива во движење во брзинa од 40 km/h.

bmw-6-cabrio-4-2011-1

Поголемата кабина во однос на претходникот и поголемото меѓуоскино растојание овозможуваат комфорни и долги патни рути и за патниците на задните седишта, а сосема новото уредување со арматура свртена кон возачот го подигнуваат толку посакуваниот спортски карактер својствен за возилата на BMW од минатото.

Високата технологија е со огледува на минималистичката централна конзола каде доминира 7 инчен екран од течни кристали кој е дел од оперативниот систем iDrive со интернет пристап.

Информациите од аудиото и автоматската клима со посебен модус за возење на отворено се прикажуваат на дисплеј скроен според технологија на црн панел претставена во Серија 7.

Истата се користи и за инструментите во комбинација со класични тркалезни мерачи. Од BMW посебно се горди на новата генерација на дисплејот Head-up кој дебитира во кабриолетот и информаиците ги прикажува преку обоена слика во 3D.

BMW го развлекол својот најголем кабриолет во должина до 4.894 mm, во ширина до 1.894 mm и во висина до 1.365 mm. Тоа се плус 74 mm должина, плус 39 mm ширина и минус 9 mm висина во однос на претходникот.

bmw-6-cabrio-3-2011-1

Затоа новиот кабриолет е далеку поелегантен. Згора на тоа тука е и меѓусокиното растојание од 2.855 mm или плус 75 mm во однос на претходникот. Багажникот од 300 литри со спуштен се зголемува на 350 литри со кренат кров.

Потпирањето напред носи две попречни водилки и една триаголна. Одзади работи мултилинк оска. Кинематиката на оските со прецизно одмерена геометрија е дотерана да пренесе големо странично напрегање обезбедувајќи исклучителен тален за совладување свијоци.

Сетапот е скорен да одговара на спортски настроени возачи, но сепак, пегла нерамнини со помош на сериски вградениот систем за контрола на возната динамика DDC. Со понудени три модуси Normal, Sport и Sport +, секој возач во зависност од афинитетите може да одбере како ќе се вози.

Под хауба на BMW 6 Cabrio работат два мотори. Послебиот 3.0 литарски линиски шест цилиндарец битурбо бензинец навиен на 320 КС и со вртежен момент од максимални 450 Nm расположиви меѓу 1.300 и 4.500 врт/мин.

Тој спринтува до 100 km/h за 5,7 секунди и вози до електронски ограничени максимални 250 km/h. Во просек троши 7,9 L/100 km и има емисија на CO2 од 185 g/km што е на ниво на еден компакт со 2.0 литарски бензинец.

bmw-6-cabrio-2-2011-1

Вториот и воедно помоќен мотор е 4.4 литарскиот V8 битурбо кој работи и во M верзиите на Х5 и Х6, а ќе работи и во новиот М5 остварува смирени 407 КС расположиви меѓу 5.500 и 6.400 врт/мин.

Неговата стабилна моќност на високи вртежи е потпомогната од високиот вртежен момент од 600 Nm расположиви меѓу ниските 1.750 врт/мин па се до 4.500 врт/мин и сето ова условува исклучително моќни меѓузабрзувања кои се многу поважни од спринтот до 100 km/h за 5,0 секунди и максималните 250 km/h.

И двата мотори се спарени со новиот 8 степен автоматски менувач на BMW преку кого вртежниот момент се испраќа кон задна оска. Тука е и технологијата за регенерација на кинетичката енергија и Star&Stop системот кои штедат гориво.

Продажбата стартува во март, но BMW сеуште не ги објавува цените.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook