Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Премиерно Mercedes ML во Македонија
15.12.2011

Паралелно со стартот на продажбите во Европа почнува комерцијализацијата на новата М класа на Mercedes и во Македонија крунисана со домашната премиера на овој шампион во ефикасност.

mercedes-ml-premiera-mkd-1-2011-1

Појавувањето на новата генерација на теренецот Mercedes ML е значен момент за најстариот производител на автомобили на светот чија прослава на 125-те години традиција завршуваат со завршувањето на годината.

Токму затоа производителот од Штудгарт го остава и стартот на продажбите на ML за крајот на годината како врв на сите настани поврзани со јубилејот. Новата генерација на ML ја опишавме во целост уште при првото претставување.

Воедно ја најавивме и нејзината отровна варијанта која доаѓа од погоните на фабричкиот тјунер на Mercedes, AMG. Mercedes ML 63 AMG доаѓа како круна на понудата на ML која на почеток е составена од три модели.

Да се потсетиме. Два од нив се со дизел мотор. Станува збор за ML 250 BlueTEC 4MATIC со 2.2 литарски турбо дизел со 204 КС и 500 Nm и за ML 350 BlueTEC 4MATIC со 3.0 литарски V6 со 258 КС и камионски 620 Nm.

И двата дизели ги задоволуваат нормите Euro 6, a послабиот може да се пофали и со просечна потрошувачка од 6,0 l/100 km, сериозно ниска вредност за еден колос. Бензинецот е ML 350 4MATIC BlueEFFICIENCY.

Тој од своите 3.0 литри распоредни низ шест цилиндри во V конфигурација извлекува 306 КС и 370 Nm и задоволува норма Euro 5. Oна што е важно е дека од стандардно сите верзии доаѓаат со богато ниво на опременост.

Иако подобра, поголема и поопремена новата генерација на Mercedes ML e незначително поскапа од претходникот.

Па така ML 250 BlueTEC 4MATIC стартува со цена од 65.880 евра, помоќниот дизел ML 350 BlueTEC 4MATIC чини од 69.980 евра, додека за бензинецот ML 350 4MATIC BlueEFFICIENCY треба да се издвојат од 67.820 евра.

Врвот секако е загарантиран за ML 63 AMG чија цена почнува од 135.380евра.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook