Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Премиерно Renault Megane Estate
04.03.2009
renault-megane-estate-1.jpgRenault премиерно во Женева ја претстави комби верзијата на Мegane. Крстена Megane Estate на потенцијалните купувачи им се понудува како вистински фамилијарен превозник.

Megane Estate само пред неколку дена беше уловен за време на снимањето на рекламниот спот.

Покрај додадениот заден дел и поголемиот капацитет на багажникот Megane Estate се разликува од хечбекот со пет врати и по зголеменото меѓуоскино растојание и подолгиот заден превис.

Лицето на автомобилот останува исто. Предната маска и светлата го задржуваат основниот облик, затоа багажникот нуди товарен волумен од 524 литри со задните седишта на место.

Како што најавивме Megane Estate ги дели моторите со берлината. Бензинците ги застапува 1.6 литрецот со 100 КС и 110 КС, поголемиот од 2.0 литри со 140 коњски сили и 1.4 со трубо натполнење TCE со 130 КС.

Дизелите профитираат од познатиот 1.5 dCi кој доаѓа во три изведби со 86 КС, 106 КС и 110 КС. Карактеристично за овој мотор е и ниската емисија на СО2. Најслабата верзија остварува 118 g/km, додека изведбата со 106 КС испушта 120 g/km јаглероден диоксид.

Помоќната понуда меѓу дизелите е 2.0 dCi која доаѓа во изведби со 140 КС и со 160 коњски сили.

Од Renault истакнуваат дека Megane Estate наскоро пристигнува во продажните салони и дека по завршување на салонот ќе бидат прикажани комплетните спецификации за автомобилот заедно со цените.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook