|
26.10.2009 |
Suzuki
планира модернизирање на најмалиот модел во понудата Alto.
Разубавениот модел би требало да се појави наскоро ако се суди според
претставениот концепт.
Очигледно е дека концептот на Alto е
многу блиску до сериска верзија. Тука нема никаква екстраваганција својствена за
концептите ниту пак се понудени технолошки новини кои би требало да
пристигнат во иднина.
Suzuki е доста приземјен со овој така наречен концепт на Alto. Она
што го нуди како информација за сега е дека автомобилот има пониска потрошувачка на
гориво во однос на актуелниот модел и пониска емисија на СО2 но не
се наведува нејзината вредност.
Новина кај концептот Alto е поголемата моќност на
моторот, подобри перформанси благодарение на пониската тежина во однос на
сегашниот Alto
и подобри
динамички карактеристики.
Понатаму Suzuki
наведува дека е сменет и ентериерот и подобрена е
возачката позиција. Кабината нуди повеќе простор за патниците, а зголемен е и
волуменот на багажникот.
Други информации за сега нема. Единствено се знае дека
новиот Alto на пазарот ќе пристигне некаде во 2010.
|