Get Adobe Flash player
Претставен моторот на Corvette ZR1
27.11.2007
corvette-zr1-engine.jpgCorvette ZR1 веќе ги врти последните тестни кругови на патеката во Лагуна Сека. Додека за автомобилот се знаеше монструмот под хаубата се криеше од јавноста се до сега.

На фотографиите направени од блиску се препознава моторот, интеркулерот и механичкиот компресор кои ќе ја задвижуваат американската спортска икона.

Механичкиот компресор се очекува да впумпува дополнителни количества на претходно разладен воздух, доволни за да се оствари максимална моќност од 650 коњски сили од зафатнина од 6.2 литри.

Со олкава снага од својот V8 новата ZR1 ќе биде најмоќната Corvette до сега направена.

Колку за споредба Dodge Viper SRT 10 остварува 600 КС што значи дека дефинитивно Corvette ZR1 ќе се најде на врвот на американскиот ланец на исхрана.

corvette-zr1-interculer.jpgcorvette-zr1-supercharger.jpg

 

 

 

Facebook