Get Adobe Flash player
Претставен Polo Sedan за во Русија
04.06.2010

Volkswagen ја претстави седан верзијата на Polo која е скорена според потребите и временските услови кои владеат во најголемата држава на светот и е наменета исклучиво за пазарот во Русија.

vw-polo-sedan-2010-1

Веќе пишувавме дека Polo Sedan не само што ќе се продава само во Русија, туку тој и ќе се произведува во Русија во новата фабрика на Volkswagen изградена во слободната економска зона во близина на градот Калуга.

Polo Sedan е поставен на продолжена платформа на новата генерација на Polo и нуди многу повеќе простор во внатрешноста и багажникот. Подвозјето е предимензионирано за да може да се носи со лошите патишта на руската федерација.

За поголема проодност каросеријата е подигната за 15 mm и има клиренс од 170 mm што е близу до нивото на повеќето модерни кросовери. Иако повисок Polo Sedan сепак нема да има погон на четири тркала.

Атмосферскиот бензинец од 1.6 литри и 105 КС е единствениот мотор во понудата и е избран заради својата издржливост и нуди забрзување до 100 km/h за 10,5 секунди спарен со пет степен мануелен менувач, или 12,1 секунди ако е спарен со со шест степен автоматски менувач Tiptronic. DSG нема д се вградува.

Стартот на понудата е Trendline и чини 399.000 рубљи, или 10.500 евра. Поопремениот пакет Comfortline чини 468.000 рубљи, или 12.300 евра, а за врвот на понудата Highline треба да се одвојат 14.000 европски банкноти.

 

 

 

Facebook