|
На салонот на автомобили во Делхи беше претставен првиот автомобил кој влегува во сегментот меѓу суперспортстите и е комплетно скорен во Индија. Името му е DC Avanti и доаѓа наскоро.

Планот на компанијата која стои за проектот DC Design е Avanti да почне со продажби во текот на следната година откако годинава комплетно ќе биде завршен неговиот развој и подготовките за производство.
При градбата на Avanti обилно е користен алуминиум заради што конструкторите успеале да ја симнат тежината на 1.560 килограми. Моторот е поставен централно и ги задвижува задните тркала, вообичаено за класата.
Во опција се два мотори. EcoBoost на Ford од 2.0 литри кој со помош на турбо натполнење остварува 265 КС. Вториот мотор е значително помоќен. Се работи за V6 од 400 КС кого најверојатно ќе го испорачува Honda.
Но, за него сеуште нема детални податоци. Менувачите ќе бидат со шест степени на пренос. Едниот мануелен, а вториот роботизиран со две спојки. Според првичните податоци DC Avanti со послабиот мотор 100 km/h лови за помалку од 7 секунди.
Продажбата треба да стартува во 2013 година и ќе се одвива исклучиво по нарачка. Цената ќе стартува од 43.500 евра, а годишно ќе се произведуваат по 200 примероци.
Меѓутоа индијците не размислуваат многу за ексклузивност. Тие сметаат дека доколку побарувачката се зголеми да го зголемуваат и производството, но не повеќе од 3.000 примероци годишно.
|