|
Toyota конечно после долги најави го прикажа најмалиот член на семејството на Prius. После новата генерација на оригиналниот Prius и неговата поголема изведба Prius + пристигнува и Priuc с.

Toyota Prius с, поточно Toyota Aqua како што гласи името за јапонскиот пазар, според диманзиите влегува во сегментот каде успешно се бори Yaris со што се става под знак прашалник појавувањето на хибридната верзија на новиот Yaris.
Но, сигурни сме дека во Toyota знаат што прават. Prius с во должина мери 3.995 mm, широк е 1.695 mm и висок е 1.445 mm, а меѓуоскиното растојание е издолжено на 2.550 mm.
За разлика од поголемите браќа од семејството, Prius с под хауба го пакува хибридниот систем составен од 1.5 литарски бензинец со моќност од 74 КС и електромотор со моќност од 61 КС.
Вкупната моќност на хибридниот систем е пресметана на 100 КС и 169 Nm, но тоа веќе го знаевме. Податоци за перформансите нема, но одушевуваат бројките од потрошувачката која во просек ќе биде меѓу 2,5 и 2,8 l/100 km во зависност од условите на возење.
Toyota Prius c/Aqua ќе биде премиерно прикажан на салонот во Токио по што стартуваат продажбите на јапонскиот пазар. В година следува старт на продажбите во САД, а Европа сеуште не се споменува.
|