|
Во своето соопштение за медиуми кое го објавуваме во целост Toyota Motor Europe најави специјализирана превентивна сервисна кампања за осум модели на Toyota кои што се продаваат во Европа.

Превентивната сервисна кампања се организира со цел за да се отстрани потенцијалниот проблем со педалот за гас. Засегнатите модели и производствени периоди се следни:
AYGO (февруари 2005 – август 2009)
IQ (ноември 2008 – ноември 2009)
YARIS (ноември 2005 – септември 2009)
AURIS (октомври 2006 – јануари 2010)
COROLLA (октомври 2006 – декември 2009)
VERSO (февруари 2009 – јануари 2010)
AVENSIS (ноември 2008 – декември 2009)
RAV4 (ноември 2005 – ноември 2009)
Точниот број засегнати автомобили сеуште се проценува, но може да достигне до 1.8 милиони. Не се засегнати други модели на Toyota, ниту на Lexus.
“Политиката на Toyota е да го постави клиентот на прво место” изјави Тадаши Арашима, Претседател и Главен Извршен Директор на Toyota Motor Europe. “Ние разбираме дека настанатата ситуација создава неспокојство и длабоко жалиме за тоа. Исто така сакаме да ги увериме нашите клиенти: потенцијалниот проблем со педалата за гас се проверува само во исклучително ретки случаи. Оваа кампања е превентивна мерка чија цел е да гарантира највисоки стандарди за сигурност на сите наши клиенти.”
Кај засегнатите модели постои можност одредени механизми на педалата за гас, во ретки случаи, механички да застанат во полу-притисната положба или да се врати бавно во првичната позиција.
Причината за тоа е поголем степен на абење (трошење) на механизмот од педалата за гас. Тоа абење комбинирано со одредени климатски и услови на експолоатација може да предизвика зголемено триење во механизмот, кое во ретки случаи може да доведе до: потешко притискање на педалот, побавно враќање или во најлош случај, заглавување во полу-притисната положба.
Toyota има решение како да се справи со овој проблем и во моментов подготвува финална процедура по која ќе се постапува. Веднаш штом процедурата ќе биде одобрена, Toyota ќе им се обрати на своите клиенти чии возила се во групата за проверка.
Веќе е направена промена во производството, се вградуваат нови делови, на сите модели кои се произведуваат во Европа, како дел од политиката на Toyota за постојано подобрување на квалитетот. Затоа нема нужда да се стопира производството во Европа.
Мал е бројот на пријавени дефекти во Европа и Toyota Motor Europe не е известена за инциденти кои се случиле како резултат на настанатиот проблем со механизмот за гас.
Toyota ги прави сите напори да одговори на своите клиенти за настанатата ситуација што е можно побрзо.
Иако, опишаниот проблем погоре е редок, Toyota ги советува своите клиенти кои се загрижени да се јават во најблискиот салон на Toyota за информации за претстојната специјализирана сервисна кампања.
|