|
Додека европското одделение на Toyota за маркетинг и продажба молчи застапникот на марката од Украина одлучи да ја прикаже новата генерација на Camry наменета за европскиот пазар.

Застапникот од Украина ги наведува основните податоци за новиот голем седан на Toyota, заедно со цените и пакетите на опременост кои ќе важат на тамошниот пазар и со тоа е рамен на колегите од САД кои исто така го прикажаа новиот Camry.
На прв поглед европската верзија на Camry многу не се разликува од јапонската и американската. Сепак, можат да се забележат разлики во пределот на предниот браник и маската кои многу повеќе наликуваат на Avensis.
Се разликуваат и задните светла кои се исти како на верзијата наменета за пазарот во Јапонија. Што се однесува до внатрешноста разликите се помали и се однесуваат на разликата во дезенот, боите и материјалите.
Европската верзија делува посмирено, за разлика од американската која е покичеста. Ова е лигично бидејќи треба да ги задоволи вкусовите на традиционалните европјани кои сакаат вистински вредности, а не кич.
Сепак и во едниот и во другиот случај уредувањето на кабината е луксузно и договара на богатството на опрема која доаѓа од најниското ниво на опременост означено како Comfort. Следат: Elegance, Prestige, Lux и Premium која се нуди само со помоќниот моторот.

Американската верзија на Toyota Camry во XLE изведба
Под хауба на Camry на почеток ќе работат два мотори 2.5 литарскиот со четири цилиндри кој истискува 180 КС и 231 Nm кој во просек троши 7,8 l/100 km и помоќниот 3.5 литарски V6 со 277 КС и 346 Nm и просечна потрошувачка од 9,3 l/100 km.
И двата мотори се спарени со автоматски менувач со шест степени на пренос. Погонот е на предни тркала, а вредностите за перформансите сеуште не се наведуваат.
Camry во должина мери 4.825 mm, широк е 1.825 mm и висок е 1.485 mm. Меѓуоскиното растојание е растегнато на 2.775 mm, а клиренсот изнесува 160 mm.
Затоа се наведени цените за пазарот во Украина и тоа во американски долари. Старт е 2.5 со пакетот Comfort со цена од 33.050 долари, 2.5 Еlegance почнува од 37.030 долари, 2.5 Prestige од 39.840 долари, 2.5 Lux од 42.320 долари и на крај 3.5 Premium од 52.410 долари.
Треба да се напомене дека 3.5 литарецот не се нуди со пониските нивоа на опременост, исто како што 2.5 литарецот не се нуди со нивото на опременост Premium. За разлика од американците во Европа Camry не се нуди со спортски пакет и како хибрид.
Европска Toyota Camry
Американска Toyota Camry XLE
Американска Toyota Camry со спортски пакет SE
|