Легендарната американската автомобилска икона Cobrа се роди повторно кога
еден од најстарите британски производители AC Cars кој продолжи да ја произведува ја претстави нејзината шеста реинкарнација.
Британците кои влегоа во алијанса со германскиот
производител Gullwing GmBH
пролетта го претставија моделот AC
MkVI којшто го задржува препознатливиот дизајн, но под
каросеријата сокрива сосема нова конструкција на шасијата и подвозјето, а се
нуди и во затворена верзија.
Сега американската компанија Iconic Motors се здружи со британците за да произведат лимитирана едиција која ќе го
носи името Iconic
AC Roadster, а беше најавена на почетокот од годината.
Новиот Iconic
AC Roadster наследува шасија од серискиот AC MkVI направена од хром-молибден челик на која е поставена спортска
суспензија
со двојни А попречни водилки и хоризонтално поставени
пушрод пружини и амортизери.
Каросеријата е комплетно изработена од алуминиум, а
сопирачките клешти со четири клипа доаѓаат од Porsche и зафаќаат
самовентилирачки дискови со пречник од 328 mm напред и 298 mm назад.
Моделот кој доаѓа од АС носи 6.2 литарски атмосферски V8 на Corvette способен да испорача на задните тркала 437 КС и 585 Nm во
верзијата GT и 647 КС со 604 Nm во верзијата GTS.
Наведената снага е доволна за спринт до 100 km/h за
3,9 секунди и максимални 260 km/h на GT којa тежи 990 kg и спринт до темпо 100 за 3,3 секунди и максимални 305 km/h за
верзијата GTS која е тешка 1.025 kg.
Но, наведените бројки и перформанси не важат за
лимитираната серија на Iconic
Motors.
Имено Iconic
AC Roadster под хаубата пакува посебно развиен 7.0 литарски V8 кој
преку шест степен мануелен менувач на задната оска со самоподдесувачки
самоблокирачки диференцијал
на Torsen испраќа 800 КС при 7.600 врт/мин и максимален вртежен момент од 894 Nm при
5.800 врт/мин.
Перформансите се уште позастрашувачки отколку на моделот AC GTS, а
самиот дизајн на автомобилот, бојата и останатата опрема се далеку од обични.
За тоа говорат и вентилирачките бушени дискови кои со доплата можат да бидат
карбон-керамички.
Уникатните леснометални бандажи од титаниум мерат 19 х 12
инчи назад и 18 х 10 инчи напред и обуени се во run-flat гуми Goodyear Eagle F1 со димензии 255/35 напред и 325/30 назад. Напред светат биксенон
проектори, а назад микро светлечки диоди LED.
Во кабината Iconic
AC Roadster нуди електрично поддесиви педали и електрично местење на
воланот по висина и должина, кожен ентериер кој се изработува по желбите на
клиентот.
Понатаму, инструменти со стакла направени од синтетички
сафир, од ист материјал е напревено и копчето за стартување и гасење на
моторот, капачето за бензин, трепкачите.
Високо квалитетен и издржлив touchscreen LCD
дисплеј со спецификација за воена употреба кој може да се гледа без проблем
дури и кога во него директно се вперени сончевите зраци.
Компјутеризиран систем кој ги меморира поставките за 4
различни возачи и ласерски контролиран динамчки темпомат кој препознава кога
премногу ќе се доближите до возилото пред вас.
Iconic
AC Roadster беше претставен во Pebble
Beach и веќе може да се нарача. За цената треба директно да се
контактира Iconic
Motors.
Подолу се галериите на AC Cobra MkVI и на Iconic
AC Roadster, а видеата за Iconic
AC Roadster можат да се погледнат на интернет страницата на Iconic Motors.
AC Cobra MkVI
Iconic
AC Roadster
|