Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пристигна естетското совршенство
28.05.2011

Застапникот на BMW во Македонија, Makkar премиерно ја претстави Серија 6 Cabrio најавувајќи ја како естетско совршенство кое буди љубов на прв поглед и бара да се открива одново при секојa новa средба.

bmw-serija-6-cabrio-mkd-1-2011-1

BMW успеа во новиот голем кабриолет да го имплементира дизајнерскиот стил најавен од концептот на купето со четири врати Gran Coupe поклонувајќи му атлетска елеганција од која произлегува динамика и луксуз.

Својот ултимативен кабриолет баварците го опремуваат со два високотехнолошки турбо бензинци кои произведуваат моќни 320 КС, односно 405 КС вредни за секаков респект.

Така произлегуваат двете изведби BMW 640i и BMW 650i набиени со врвна техника за која веќе пишувавме веднаш по светската премиера на салонот во Детроит одбран заради традиционално кон кабриолети наклонет пазар во САД.

Очекувањата околу продажбата за нашиот пазар се скромни, но веќе е појавен голем интерес како од љубителите на марката така и од оние кои неможат да одолеат на шармот на големиот кабриолет.

Кај нас BMW 640i стартува со цена од 92.790 евра, а помоќниот BMW 650i стартува од 104.790 евра. Најголемата разлика во цената ја прави моторот бидејќи според опременоста двете верзии се разликуваат во ситни детали.

Разликите се однесуваат на естетски детали како финишот на бубрезите во црна боја кај 640i или четкан алуминиум кај 650i, леснометални бандажи од 17 или 18 инчи соодветно, сопирачки дискови напред од 457 mm или од 432 mm и единечни издувни цевки лево и десно или двојни издувни цевки скриени во хромирани трапезоидни куќишта.

Набројувањето на сериската опремата би било безпредметно бидејќи BMW сака на сопствениците на кабриолетот да им угоди толку многу за да не остави простор ниту за безначајна ситнурија околу која би ставиле замерка.

Уживањето во BMW Серија 6 Cabrio подеднакво се доживува и преку видеото кое може да се погледне и на YouTube каналот на Vozi!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook