Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пристигна новата Toyota Yaris
31.10.2011

Квалитативно на значително повисоко ниво новата, трета по ред, генерација на Toyota Yaris преку затапникот Toyota Avto Centar пристигнува на македонскиот пазар во комплетно издание.

toyota-yaris-mkd-1-2011-1

Во понудата стојат две каросериски изведби со три и со пет врати, од кои верзијата со три врати делува многу по шик и полуто со цел да и се допадне на помладата публика, додека верзијата со пет врати е посмирена и попрактична.

Секоја од верзиите се нуди со четири нивоа на опременост. Стартот е Genius, следат Terra и Luna и врвот како и секогаш кај Toyota е резервиран за пакетот Sol. Во понудата влегуваат три мотори, барем за сега.

За нив веќе пишуваме подетално, но вреди да се повтори дека основа е 1.0 литарскиот бензинец со три цилиндри и 69 КС, следи високотехнолошкиот 1.33 литарец со 99 КС и проверениот дизел D4-D од 1.4 литри со 90 КС.

Вреди да се забележи дека кај нас верзијата со три врати се нуди само со најниското ниво на опременост Genius и со мотор од 1.0 литри. Повисоките нивоа на опременост Terra, Luna и Sol се резервирани за моделот со пет врати и за помоќните мотори. Секако Genius 1.0 може да се добие и во изведба со пет врати, но со доплата од 300 евра.

Како и да е ценовниот старт е од 10.990 евра за Yaris 1.0 Genuis опремен со ABS, EBD, BAS, 4 воздушни перници, централна брава со далечинско, електрика на ретровизори, радио со CD со команди на волан, клима уред, возачко седиште со местење по висина, електрика на стакла напред и светла со Follow me home функција.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook