Get Adobe Flash player
Пристигнаа Lancer Sportback и новиот Outlander
15.12.2009

Големиот новитет на Mitsubishi, Lancer Sportback од кого се очекува многу на европскиот пазар, а и на македонскиот, пред се заради прифатливата цена, им стои на располагање на нашите купувачи.

lancer-sportback-mkd-1

А какви се очекувањата?

Според предвидувањата на експертите за продажба и за маркетинг на Mitsubishi, Sportback треба да превземе 70% од продажбата на Lancer во Европа. Плус, на Европа ќе отпадне 70% глобалната продажба на Sportback.

Прашање е дали предвидувањата ќе важат и за кај нас пред се заради специфичноста на македонскиот пазар. Но, без оглед колку и да сме специфични како пазар факт е дека купувачите што ќе се одлучат за Lancer Sportback добиваат парче автомобил со солидна опрема по пристојна цена.

За разлика од останатите пазари кај нас Sportback ценовно е позициониран под седанот. Во понудата стојат две верзии Inform и Invite кои ги задвижува познатиот 1.5 литарски бензинец со 109 КС кој нуди одличен сооднос коњски сили спрема ниска акциза заради зафатнината.

Lancer Sportback Inform чини 12.980 евра, додека за многу поопремената верзија Invite се бараат 1.000 евра повеќе или 13.980 европски банкноти. Заради опременоста одговорните во Мак Aуто Стар очекуваат Sportback Invite да биде носителот на продажбата во Македонија.

Outlander

Со редизајнот доаѓа како вистинско освежување и конечно со дизајнот им парира на браќата близнаци од PSA Peugeot Citroen. Измените пред се однесуваат на предниот дел. И Outlander сега може да се пофали со лутата маска Jet Fighter.

Способниот SUV кој заради новиот RVR добива нова формулација и преминува во кросовери сега е помодерен, полут, пошик.

Во Mitsubishi очигледно многу сакаат да го наметнат како урбано возило со цел привлекување поголема публика, но факт е дека Outlander кој ја задржува квалитетната механика сеуште е прилично способен и надвор од пат.

Оваа карактеристика повеќе ќе знаат да го ценат сите оние на кои не им е до брканица по градските булевари од кафуле до кафуле, а се ориентирани конприродата, патуваат на долги релации со своите семејства и одат на викенд во планина.

За да не ги опишуваме измените ќе се послужиме со фотографии од прес материјалите за Outlander кои најсликовито ги доловуваат новините и на каросеријата и во внатрешноста.

Добро е што Outlander напредува не само со дизајнот туку и со нивото на опременост. Mitsubishi се претвора во еден од најдарежливите производители подигнувајќи ги нивоата на опременост и задржувајќи ги цените во висина на претходникот.

Outlander кај нас се нуди со 2.0 литарскиот турбо дизел на VW со 140 КС кој ја носи ознаката DI-D и стартува со цена од 24.980 евра за почетниот пакет Invite.

Оние што можат да си дозволат еден Оutlander очекуваме да се залепат на третото ниво на опременост Intense + за кое во Mitsubishi бараат 29.980 евра, а комплетната понуда заедно со останатите нивоа можете да ја видите во галеријата пресликана од оригиналниот ценовник.

Lancer Sportback

Oulander

 

 

 

Facebook