Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пристигнува А8 Hybrid
14.01.2010

За помалку од три месеци Audi на светот ќе му го претстави својот прв хибриден автомобил создаден на основата на новата генерација на A8. Премиерата е закажана за март за салонот во Женева.

audi-a8-1

Хибридната технологија која што ќе ја носи знаменосецот на Audi по принцип на работа ќе биде слична на онаа кај Prius и ќе дозволува возење само на електрична енергија во градски услови и при ниска брзина.

Од Audi истакнаа дека не сакаат да фрлаат пари на развој на технологии од типот на оние што се користат кај благи хибриди кои не се доволно добри и немаат иднина бидејќи не се доволно ефикасни.

За таа сметка во Audi се свртуваат кон развојот на дизелите, електричните и хибридните технологии. Појавувањето на А8 е доказ за посветеноста на Audi кон развојот и имплементацијата на новите технологии.

Audi е прв од големата германската тројка кој на пазарот ќе пушти хибрид од својот знаменосец. Најблиску до него можеби е Mercedes, но кај него хибридната S Класа сеуште е во фаза на развој.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook