|
13.10.2011 |
|
General Motors во своето официјално соопштение истакнува дека на пазарот ќе испрати електрична верзија на градскиот автомобил Chevrolet Spark и дека новиот електромобил ќе пристигне за две години.

Електричниот Spark ќе биде првиот сериски произведуван автомобил на Chevrolet и на General Motors којшто на пазарот ќе пристигне како чист електромобил, а не како plug-in хибрид.
General Motors развива технологија за електрични авотмобили од деведесетите години и смета дека таа напреднала доволно за да може да се вградува во еден градски автомобил каков што е Spark.
За сега GM не дава технички детали за Spark, но затоа наведува дека веќе работи на втора генерација на електричен погон и дека стартот на продажбата на електричниот Spark ќе се случи во 2013 година.
|