Mazda одлучи да го претстави наследникот на својот најпродаван
хечбек, Mazda 3, една седмица пред најавената светска премиера на салонот
за автомобили во Болоња.
Втората генерација на Mazda 3 хечбек се
појавува неколку дена по откривањето на седан верзијата за која првичните информации беа објавени кон крајот на октомври. Интересно е што за
втората генерација на Mazda 3 јапонскиот производител одлучи прво да го претстави
седанот, а потоа верзијата со пет врати.
Актуелниот модел кој првпат беше претставен во 2003 е продаден
во над 1.8 милиони примероци, во преку 100 држави и патем собра повеќе од 90
автомобилски награди.
Успехот на Мazdа 3 е од
големо значение за Мazda, бидејќи безмалку една третина од сите продадени
автомобили на производителот од Хирошима се токму Mazda 3.
Иако станува збор за нови модели, сепак уште на прв
поглед се открива припадноста. Главниот дизајнер на Mazda,
Кунихико Курису сакал да остане верен на наследството на Mazda
3 и да го задржи визуелниот идентитет, но, со повпечатлив дизајн во кој е
вкомпониран новиот корпоративниот лик на Mazda.
Дизајнот не е единствената придобивка кај втората
генерација на Mazda 3. Инженерите работеле многу за да ја подобрат
аеродинамиката, возните својства, моторите и да ја намалат тежината со
користење на полесни материјали.
Mazda 3 седан може да се
пофали со коефициент на отпор на воздух со индекс Сd 0,29 што
значително допринесува за смалување на потрошувачката, емисијата на издувни
гасови, ниската бучава. Хечбекот прави малку поголем отпор.
На стартот во Mazda 3 ќе се вградуваат
бензинци од 2.0 и 2.5 литри. Помалиот по зафатнина остварува 148 коњски сили и 183
Nm вртежен момент, а поголемиот 167 коњски сили и 227 Nm вртежен
момент.
Најавени се и првите бројки за потрошувачката. Потешкиот
седан опремен со 2.0 литарскиот бензинец во град пие 9,8 L/100
km, додека на отворено потрошувачката застанува на 7,1 L/100
km.
Во Европа купувачите ќе можат да го изберат и ново
развиениот 2.2 литарски трубо дизел кој само што го започна својот работен век
во Mazda 6. Новиот мотор остварува моќност од 182 коњски сили и
максимален вртежен момент од мрсни 400 Nm, додека во
просек троши 5,6 L/100 km.
Моќноста до предните тркала се пренесува преку пет степен
или шест степен мануелен менувач во зависност од моторот, а на располагање е и
пет степен електронски контролиран автоматски менувач во верзијата Sport
AT.
Во Mazda истакнуваат дека новата Mazda 3 ќе биде
далеку поопремен автомобил отколку актуелниот модел, а ќе биде зголемен и
списокот на опции.
Па така пребирливите купувачи ќе можат да изберат само поддесувачки
биксенон предни светла, мултифункционален дисплеј осетлив на допир, сателитска
навигација, електрично местење на седишта со можност за меморирање на
положбата, Bose аудио систем со 10 звучници, конекцијa Bluetooth, iPod, кожен
ентериер, бришачи со сензор за дожд...
Стартот на продажбата е закажан за почетокот на 2009 кога
ќе бидат објавени и цените заедно со остатокот од гамата мотори што ќе работат под
хаубата на втората генерација на Mazda 3.
|