Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пристигнува најбрзиот Veyron
17.06.2010

Пред крај на производствениот век на Veyron, Bugatti подготвува уште поотровна и побесна верзија на најмоќниот сериски автомобил на светот која ќе биде произведена во екстремно лимитирана серија.

bugatti-veyron-2010-1

Супер спортските автомобили од новата лимитирана серија на Bugatti ќе го носат името Veyron SuperSport како потсетување за најмоќната и најбрза верзија на легендарниот EB110 SuperSport.

За да ја оправда наставката SuperSport, Veyron зад патничката кабина ќе пакува 1.200 КС извлечени од масивниот W16 кои ќе му овозможат да ги катапултира возачот и совозачот до 100 km/h за 2,2 секунди и да ги одведе до максимална брзина од 425 km/h.

Наведените перформанси се за влакно подобри од оние на обичниот Veryron со 1.001 КС кој се катапултира до темпо 100 за 2,5 секунди, темпо 200 за 7,3 секудни, темпо 300 за 16,7 секунди, темпо 400 за 50 секунди и оди до максимални 407 km/h.

Останатите забрзувања на Veyron SuperSport освен до 100 km/h од Bugatti сеуште не ги откриваат, но секако и тие ќе бидат за влакно подобри од оние на обичниот Veyron. Toa го ветуваат фасцинатните 1.200 КС.

Шпекулациите што кружат околу новиот мотор велат дека тој се подготвува за да биде вграден во наследникот на Veyron, кого Bugatti го најави како Lydia, но за него сеуште се молчи.

Цената за Veyron SuperSport од Bugatti сеуште не ја откриваат, единствено откриваат дека ќе биде произведен во серија од 30 примероци. Затоа колекционери повелете!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook