Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пристигнува нова генерација на i30
10.08.2011

Од Hyundai пристигна официјална информација во која се вели дека наскоро на салонот за автомобили во Франкфурт светот за првпат ќе може да ја види новата генерација на успешниот компакт i30.

hyundai-i30-crtez-1-2011-1

Како и актуелниот модел така и новиот i30 комплетно е развиен и дизајниран во технолошкиот центар за развојна дејност на Hyundai во Риселхајм и во целост ќе ги задржи пропорциите и основните технички карактеристики на сегашниот i30.

Иако многумина сметаат дека дизајнот на i30 сеуште е свеж, посебно откако беше модернизиран, сепак, во Hyundai сметаат дека со старост од три години (i30 се појави во 2008 година) време е за негов наследник.

Според шефот на дизајн за европските модели на Hyundai, Томас Беркле новата генерација на i30 е скроена според стилот на флуидна скулптура, „fluidic sculpture” најавена со концептот i-Flow, а првпат сериски реализирана преку i40.

Новиот i30 ќе има предни светла кои личат на скапоцени камења и остро испапчен браник кој ја носи изразено шестоаголната предна маска и светлата за магла со вкомпонирани светлечки диоди.

Од Hyundai очекуваат дека појавувањето на новиот i30 дополнително ќе ги зголеми продажбите на марката во Европа кои би требало да ја минат бројката од 500.000 продадени примероци до 2013 година.

Производството ќе биде во фабриката во Жлина, Чешка каде што се произведува и актуелниот модел. Меѓутоа производните капацитети на фабриката ќе бидат зголемени и од сегашните 200.000 примероци годишно од производните ленти ќе се симнуваат по 300.000 примероци на годишно ниво.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook