|
Ssangyong го најавува освежениот Rexton за во Европа. Верзијата наречена Super Rexton и за првпат прикажана во мај на салонот во Бусан есенва пристигнува и на салонот во Париз како европска премиера.

Освежениот модел го носи името Super Rexton и измените се повеќе козметички гледано однадвор, додека најмногу новини има во ентериерот и во користењето на материјали за изолација.
Однадвор забележливи се новата маска и преместеното лого. Препознатливиот беџ на Ssangyong кој до сега имаше минијатурни димензии и ја красеше хаубата е спуштен еден кат подолу.
Сега беџот е значително поголем и забележлив од далеку. Поставен е централно на маската од ладилникот, па така Super Rexton на прв поглед може некому да му заличи и на модерните теренци на Mercedes чиви мотори користи.
Внатре измените не се од дизајнерска природа така што кабината е скоро идентична. Но, користени се поквалитетни материјали и значително е подобрена звучната изолација. Според наводите од Ssangyong во Super Rexton владее тишина.
Под хаубата на Super Rexton работи мотор на Mercedes. Станува збор за познатиот турбо дизел од 2.7 литри кој се нуди во две озведби. Послабата со моќност од 165 КС и максимален вртежен момент од 340 Nm.
Помоќната изведба нуди 186 КС и максимален вртежен момент од 402 Nm. И двете моторни изведби се комбинираат со мануелен и со автоматски менувач. Додека за бензинецот од 3.2 литри и 220 КС сеуште не станува збор.
Покрај Super Rexton во Париз европејците ќе имаат прилика да го видат и новиот Korando C кој под хаубата пакува 2.0 литарски турбо дизел со 175 КС и вртежен момент од максимални 350 Nm.
|