|
Subaru ја најави Impreza XV уште за салонот во Женева, но дури сега пред стартот на продажбата дава фотографии од сериската верзија на автомобилот плус дополнителни информации и цени.

Како и концептот и сериската верзија на кросоверот на Impreza ќе ја носи наставката XV во името што според одговорните во Subaru треба да означува поголема теренска проодност во однос на обичната Impreza.
Impreza XV во споредба со стандардната Impreza е поширока за 50 mm последица од дополнителната пластична заштита на арките над тркалата, праговите и на предниот и задниот браник.
Новите браници допринеле и за зголемување на должината. Па така Impreza XV во должина мери 4.430 mm, широка е 1.770 mm и висока е 1.520 mm. Меѓусокиното растојание останува како кај стандардната Impreza и мери 2.620 mm, а иста останува и висината.
На почеток ќе се вградуваат само два мотори. Тоа е познатиот 2.0 литарски боксер во дизелска и бензинска изведба. И двата мотори остваруваат максимална моќност од 150 КС и ги задоволуваат нормите Euro 5 за емисија на издвуни гасови.
Сериски кај двете изведби ќе се вградува симетричниот погон на четири тркала на Subaru, Symmetrical AWD кој нуди постојан погон на четири тркала со можност за распределување на вредноста на вртежниот момент предна/задна оска и на секоја од оските лево и десно тркало.
Дизелот 2.0 D снагата ќе ја пренесува преку 6 степен мануелен менувач, додека за бензинецот 2.0 R се нудат две опции 5 степен мануелен менувач, или автоматски менувач со четири степени на пренос.
Subaru сериски ја поставува Impreza XV на леснометални бандажи од 16 инчи кои се обуени во гуми со димензија 205/55. Повисок профил е избран намерно за да се зголеми растојанието од подлогата и за возење на терен.
Subaru најавува старт на продажбата за на есен по цени од 24.500 евра за 2.0 R со мануелен менувач, 25.900 евра за 2.0 R за автоматикот и 27.500 евра за 2.0 D.
|