Зелена технологија што ја смалува потрошувачката и
емисијата на јаглероден диоксид за повеќе од 15 проценти од есенва доаѓа во
моторите на BMW.
Сите четирицилиндрични дизели и бензинци на BMW ќе се
нудат со технологијата „Efficient Dynamics”, систем од додатоци
на моторот кои кај некои производители дури се нарекуваат „благ хибрид.” Важно
е тоа што овие компоненти ја подобруваат ефикасноста на моторот без недостатоци
што со себе ги носат останатите зелени технологии.
Четири компоненти од технологијата „Efficient
Dynamics” – интегриран стартер/алтернатор, компјутеризирана контрола на
алтернаторот, автоматска функција старт/стоп и електронско серво управување –
имаат зашеметувачки ефект врз 1.8 литарскиот дизел што се вградува во новиот
118d.
Најштедливиот BMW на сите времиња
остварува 143 КС, 17 проценти поголема моќност од стариот 118d, а
потрошувачката е сведена на неверојатни 4,7 литри во просек, место претходникот
со 5,7 литри. Додека јаглеродниот диоксид е на ниво на хибрид од 123 g/km. Ова
е подобро од повеќето минија со бензински мотор и не е далеку од истите со
дизел. Технологијата се нуди и во 2.0 литарскиот дизел на Серија 3.
Доколку намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид во
Серија 1 е за 15 проценти, а потрошувачката за 16 проценти и сето ова се пренесе во Серија 3, тогаш таа во просек ќе троши 5,7
литри, а емисијата на јаглерод диоксид ќе биде едвај 132 g/km.
Најубавото во оваа технологија е што останува
незабележлива за возачот освен функцијата старт/стоп која го исклучува моторот
при најмногу 3 km/h и кога ќе се притисне спојката и ќе се префрли во лер.
Што значи при застанување на семафор.
И шест цилиндарците на BMW постепено
ќе ја добиваат оваа технологија. Иако некои од нив имаат дел од неа уште сега.
Бензинецот што се вградува во 530i го носи само
интегрираниот систем стартер/алтернатор. Доволно за овој модел во верзијата со
мануелен менувач да оствари емисија на јаглерод диоксид од 176 g/km што е
еквивалент на некои дизели од конкурентите.
|