citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Prius брилиира поради уникатниот дизајн
05.07.2007
prius-sizikНема сомневање дека Prius е најдобро продаваниот хибрид на светот. Веќе се продадени повеќе од половина милион примероци, додека конкурентите мака мачат со нивните хибриди.

Последните докази велат дека причината за олку голема продажба не е само грижата за животната средина. Најчест одговор на прашањето „Зошто ви се допаѓа Prius?” е уникатниот дизајн и практичната каросерија.

Кога човек ќе види Prius точно знае за што станува збор додека останатите хибриди како што е на пример Honda Civic се практично непрепознатливи во сивилото на останатите модели освен беџот кој означува дека се работи за хибрид.

Во неодамнешната анкета спроведена од страна на CNN повеќе од 50 проценти од сопствениците на Prius откриле дека главната причина за купување на автомобилот е бидејќиостава печат”.

Во интервју еден сопственик на Prius споманл дека му е важно лоѓето да знаат дека се грижи за животната средина и дека останатите хибриди се премногу суптилни за пораката што тој сака да ја презентира.

Продажбата на Prius годинава се зголемила за импресивни 93,7 проценти и Toyota е на пат да продаде преку 175.000 единици во 2007.

Во годините што доаѓаат Toyota планира да го лансира Prius како посебна хибридна марка. 

 

 

 

Facebook