„На компанијата и треба нешто различно, нешто возбудливо,
нешто што ќе предизвика срцето на купувачите да чука побрзо”
признава новиот претседател на Toyota,
Акио Тојода и го најавува Prius Coupe.
Голема е веројатноста дека во Toyota веќе сериозно
размислуваат за одговор на најавите кои ги упатува Honda во
обид да стане најзелениот производител на светот.
Од Honda го најавија хибридниот спортист купето CR-Z заострувајќи ја
конкуренцијата. Ова е доволен поттик за одговорните во Toyota да
дадат зелено светло за развој на подеднакво зелен и примамлив автомобил.
Од компaнијата стигнува информација дека инженерите на Toyota
работат на нов проект на хибриден автомобил кој во основа ќе претставува купе
верзија на новата генерација на Prius.
Prius
Coupe како што го нарекуваат во Toyota ќе биде поставен на
скратена платформа на стандардниот Prius со пет врати. Ќе има три врати, 2+2 места за седење и меѓуоскино
растојание покусо за 100 mm.
Уредувањето на кабината на купето освен поставувањето на нови
задни седишта треба да биде идентично како каj Prius. Значи треба да се очекуваат познатите инструменти и арматура и централна
конзола.
За да се оправда спортскиот имиџ купето под хаубата ќе
носи подобрена верзија на познатиот 1.8 литарски атмосферски бензинец на Toyota кој
ќе остварува 134 КС и ќе биде спарен со хибридниот погон на Toyota, Hybrid Synergie
Drive .
Бензинецот во Prius
Coupe нуди дури 36 КС повеќе стандардниот Prius и со
полесната и поаеродинамична каросерија би требало да достигнува значително
подобри перформанси.
Toyota Prius Coupe треба да се појави на пазарот во 2012.
|