Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Prius е најпродаван автомобил во Јапонија
09.12.2010

Најпродаваниот хибрид на светот Toyota Prius воедно е и најпродаван автомобил во Јапонија во последните 18 месеци. Овој успех и припаѓа на третата генерација на Prius која и минатата година ја понесе титулата.

toyota-prius-1-2010-1

Eдноставно од појавувањето на пазарот третата генерација на Prius e најпродаван автомобил во Јапонија со што е надминато владеењето на Honda Fit која кај нас се продава под името Jazz.

Експертите забележуваат дека успехот на Prius се должи пред се на силните даночни олеснувања кои што властите во Јапонија им ги даваат на купувачите на хибриди, а тука се приклучува и еднократната помош која дополнително претставува стимул за купување на автомобил со хибриден погон.

Но, сето ова важеше изминатите 18 месеци заклучно со месец септември. Сепак, јапонската асоцијација на дилери забележува дека без оглед на престанок на помош од државата Prius останува на врвот.

Само минатиот месец во Јапонија се продадени 21.400 примероци на Prius, бројка која повторно го става на врвот иако истата е за 20% пониска отколку ноември месец 2009 година кога програмата со повластици беше во полн ек.

Втор автомобил на листата е Honda Fit која во месец ноември беше нарачана од 16.677 купувачи, додека на третото место застанува Daihatsu Tanto со 13.217 реализирани продажби.

Toyota Prius присутен е на пазарот од 1997 и годинава прослави 13 години. Во овој период се продадени преку 2,3 милиони примероци во повеќе од 70 држави ширум светот.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook