|
Најпродаваниот хибрид на светот Toyota Prius воедно е и најпродаваниот автомобил на јапонскиот пазар за изминатата 2009 и најпродаван автомобил годинава во месец март.

Без оглед на проблемите со сопирачките на Prius само изминатиот месец се продадени 35.000 примероци велат податоците на независната асоцијација на дилери на автомобили во Јапонија.
Во изминатата финансиска година која почна од април 2009 и заврши во март 2010 на јапонскиот пазар се продадени 270.000 примероци од Prius. Најголемата причина за големиот интерес на јапонските купувачи за Prius се повластените даночни стапки и бонусот којшто го доделува државата при купување на хибрид.
Интересно е што заради големата побарувачка купувачите мораат да чекаат шест месеци за испорака на ново купеното возило и по испораката влегуваат во групата на 2,3 милиони корисници во преку 70 држави кои седат зад воланот на Prius од 1997 до сега.
Како против одговор на успехот на Prius на домашниот пазар стои одлуката на министерството за транспорт во САД кое од Toyota побара казна во висина од 16,37 милиони долари.
Министерот за транспорт на САД, Реј ЛаХуд во официјално соопштение изјави дека компанијата е виновна бидејќи на време не го известила министерството за проблемите со педалот за гас иако знаела за нив пренесува Associated Press.
Според законот во САД производителот е должен во рок од пет дена да го извести министерството за транспорт по откривање на евентуален масовен дефект на некој свој модел.
|