Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Prius миниван доаѓа и тоа брзо
26.05.2010

Најавите дека Toyota планира да претстави миниван од хибридот Prius, а патем и SUV верзиja, пристигнаа уште минатата година. Но, никој не очекуваше дека работите ќе се одвиваат толку брзо.

toyota-prius-alpha-2010-1

Сега од Toyota пристигнува дефинитивна информација дека миниван верзијата на Prius ќе се појави на пазарот во март 2011, ќе го носи името Prius Alpha и ќе биде првиот Prius што ќе носи литиум-јонски батерии.

Веднаш по него литиум-јонските батерии ќе ги понесе и актуелниот Prius кој ја дава на заем платформата за Prius Alpha. Значи хибридниот погон е ист со 1.8 литарски бензинец и електромотор и максимална моќност од 136 КС

Prius Alpha ќе има седум места за седење, а за да се овозможи доволно простор во кабината за седум патници инженерите во Toyota морале да го зголемат меѓуоскиното растојание и должината. Па така Prius Alpha во однос на Prius пораснал за 300 mm.

Заради поголемата тежина на автомобилот од Toyota наведуваат дека ќе порасне и просечната потрошувачка, па така Prius Alpha би требало во просек да троши 3,5 L/100 km што во реалност тешко дека би биле постигнати.

Воедно литиум-јонските батерии би требало да му овозможат поголема автономија, посебно само во електричниот модус на работа и одлично ќе се врзат со plug-in верзијата кај која ќе се полнат со приклучување на стандардна електрична мрежа.

Сеуште нема информација за кога ќе биде светската премиера, затоа остануваат претпоставиките дека тоа ќе се случи на есен во Токио, или, на зима во Детроит.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook