Get Adobe Flash player

Prius вози со 2,25 литри на сто
08.06.2007
prius225Евергринот на Toyota, Prius во иднина ќе патува уште подалеку со едно полнење на резервоарот. Ниската потрошувачка е постигната благодарение на обилно користење на вселенска технологија.

Новата батерија литијум-јон-фосфат му помогна на јапонскиот хибрид да постигне неверојатна потрошувачка од само 2,25 литри на 100 изминати километри.

Батеријата е создадена во американската компанија (LTC) Lithium Technology Corporation, која долги години работи со NASA во нивната вселенска програма и произведува ќелии кои акумулираат поголемо полнење.

Ова му овозможува на автомобилот да вози подолго погонет само од електричниот мотор.

Сепак, за сега автомобилот се користи само за демонстрација, бидејќи проблемите со можно самозапалување на литиум јонските батерии сеуште не се решени, а Toyota не сака да го наруши својот тешко стекнат кредибилитет.

 
Get Adobe Flash player