Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Проблеми со покривот на Ford Focus CC
14.05.2007
fordfocusccПоради проблемите со бавниот механизам на преклопливиот покрив, новиот купе-кабриолет на Ford ги остави купувачите да чекаат на испораката веќе неколку месеци.


Марката со синиот овал призна дека преклопливиот метален покрив на Focus CC не се отвора и затвора доволно брзо откако првите примероци веќе ја напуштија производствената лента. Промените во последен момент предизвикаа значително доцнење со испораката на купе-кабиолетот.

Најновиот кабриолет официјално беше претставен минатиот септември. Но, купувачите кои оставија капар уште во јануаери се уште чекаат на испорака на нивниот нов Ford.

Инженерите не беа задоволни со брзината на механизмот на покривот кој се собира во багажникот и решија да ја заменат хидрауличната пумпа. Како резултат од оваа модификација, покривот сега се отвора и затвора за 23 секунди, место за 29 секунди. Но, тоа не беше единствениот проблем. Пропуштаа и заптивките на покривот.

Првите примероци дури сега се пристигнати за испорака. Во моментов само 56 примероци се произведуваат дневно во фабриката и многу купувачи ќе се соочат со доцнење на испораката. Приоритет сепак ќе имаат тие што оставиле капар за возилото.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook