Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Продажбата на DS4 стартува на интернет
22.02.2011

Стартот на продажбата на новиот модел од луксузната марка на Citroen, DS4 е закажан за понеделник 28 февруари, но нарачките ќе можат да се направат само преку интернет на три интернет страници.

citroen-ds4-1-2011-1

Станува збор за официјалните интернет страници на Citroen во Франција, Германија и Швајцарија каде точно во 11 часот наутро, ден пред отворањето на салонот во Женева, стартува прoдажбата на DS4.

Понудата е составена од вкупно 500 примероци на Citroen DS4 во пет различни верзии и различни мотори. Највисоко на ценовниот ранг стои моделот THP 200 со 1.6 литарски турбо бензинец со 200 КС и мануелен менувач со 6 степени.

Веднаш до него е 2.0 литарскиот турбо дизел HDi 160 FAP со 160 КС. И двата модели се нудат со највисоко ниво на опременост. Во понудата се и верзиите VTi 120, THP 166 и HDi 110 кои се со понизок степен на опременост.

Citroen воедно ќе отвори и специјална интерактивна интернет страница на која заинтересираните ќе можат подетално да ги разгледаат моделите и евентуално да резервираат еден од понудените модели.

Откако продажбата ќе биде потврдена нарачателите ќе можат веднаш да се упатат до посочените дилерски центри и да го подигнат својот нов миленик на четири тркала.

Интересно е што иако продажбата стартува за неполни седум дена Citroen сеуште не ги објавува техничките податоци, сериската и дополнителната опрема на DS4 како и фотографии на верзиите со пониско ниво на опременост.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook