Get Adobe Flash player
Продажбата на KIA расте во цел свет
13.10.2009
kia-cerato-2009-1.jpgБројките се неприкосновен сведок за напредокот на KIA на глобално ниво. Само во септември KIA во светот продаде 155.223 автомобили што е раст од 40,4% во однос на истиот месец лани.

Најголем раст е забележан на пазарот во Кина. Таму KIA успеала да ја подигне продажбата за неверојатни 130%. На второ место е пазарот во Јужна Кореа со раст од 60%, следи Европа со раст од 27% и САД со 23% раст на продажба на KIA.

Од почетокот на годината до крај на месец септември KIA на глобално ниво продала 1.187.975 автомобили што во однос на истиот период мината година претставува раст од 12%.

Од сите модели на KIA најголема популарност бележи Cerato со 208.627 продадени примероци за девет месеци од годината. Втор по популарност е Sportage со 127.342 продадени примероци.

Третото место му припаѓа на Rio со 125.092, C`eed со 92.124 и Picanto со 73.991 продадени примероци.

 

 

 

Facebook