|
05.07.2007 |
Продажбата на нови автомобили во
Јапонија падна за дополнителни 9,4 проценти во јуни. Со ова се заокружуваат 14
месеци едно по друго константен пад на продажбата.
Гигантот во автомобилската индустрија во Јапонија воедно
го забележа 21 месец со константен пад на продажбата додека најлошо поминува Subaru кој во
јуни забележа вкупно 23 месеци по ред лоша продажба.
Дури и глобалниот џин Toyota бележи пад
на домашниот пазар и тоа дури 10 последователни месеци и покрај претставувањето
на неколку нови модели.
Аналитичарите предвидуваат пресврт во следните неколку
месеци, а вината за лошата продажба ја префрлаат на недостатокот од нови
модели.
И покрај лошите продажни резултати производството во Јапонија
бележи раст за првпат во последните пет месеци, но ова се должи на зголемената
побарувачка надвор од Јапонија.
Салонот во Токио што треба да се одржи во октомври би
требало да предизвика интерес кај зашеметениот јапонски пазар на автомобили.
Неколку производители ќе претставт нови возбудливи
автомобили како Nissan GT-R, Lexus LF-A и јапонската
спецификација на Mitsubishi Evo X што значи дека би можело да се случи
пресврт пред да заврши годината.
|