|
30.04.2007 |
Суперѕвездите сакаат суперавтомобили. Но, кога големец како кошаркарската ѕвезда Шекил О`Нил ќе посака да се смести во Lamborghini, италијанскиот болид мора да порасне.
Кошаркарот се реши токму за Gallardo и никој друг автомобил не доаѓаше во предвид - иако спортската ѕвезда не можеше ниту да седне зад воланот. Фирмата Metalcrafters го најде единственото решение и го продолжи Lambo за триесет сантиметри. Мајсторите од американската фирма се горди што при продолжувањето на Gallardo не се наруши страничната линија на болидот.
|