Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Продолжува наддавањето за Volvo
03.12.2009

Иако Ford и кинескиот производител Geely постигнаа договор за взаемно разбирање за продажбата на Volvo окончување на преговорите и потпишување на конечниот договор сеуште нема.

ford-volvo-geely-logo-1

Проблемот Ford го гледаше во недавањето на одговор од страна на одговорните во Geely за нивните планови за иднината на шведскиот производител на автомобили.

Но, се чини дека преговорите полека го продолжуваат својот тек откако Geely своите сериозни намери за купување на Volvo од Ford ги поткрепи со подигање на кредит во висина од 1 милијарда долари од три државни кинески банки.

Земените на заем 1 милијарда долари се повеќе од половина од сумата која што Geely ја понуди за Volvo од 1,8 милијарди долари.

Меѓутоа покрај кинескиот Geely за купување на Volvo повторно во игра е и американскиот конзорциум Crown на чело со поранешниот директор на Ford, Мајкл Дигман.

Најновите информации велат дека американскиот конзорциум значително ја зголемува својата понуда и за Volvo која сега се движи меѓу 2 и 2,5 милијарди долари.

Кинезите очигледно нудат помалку за шведскиот производител и сакаат да ги префрлат погоните во Кина, но затоа сакаат да потпишат договор во кој се обврзуваат да инвестираат 3 милијарди долари во развојот на Volvo.

Воедно Geely и Ford успеале да се договорат за правото на сопственост на технологиите на Volvo кои ќе му припаднат на кинескиот гигант.

До скоро од Ford јавно истакнуваа дека претпочитаат да го продадат Volvo на Geely зарди добрата понуда, меѓутоа ставовите на одговорните во Ford се менуваат откако Crown даде добра понуда.

Затоа во моментов ситуацијата мирува, а во Ford сеуште размислуваат кој да биде новиот сопственик на Volvo.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook