Get Adobe Flash player
Проектот Lydia откажан
19.02.2008
bugatti-logo-1.jpgНајавуваниот нов супер автомобил на Bugatti кој се работи под кодно име Lydia е стопиран и на негово место доаѓа нов проект за лимузина со четири врати со моќниот W16 од 1.001 КС во носот.

Проектот Lydia кој се вртеше околу новиот мотор со моќност од 1.175 коњски сили и чива вредност се проценуваше на 2,5 милиони евра останува да чека други времиња.

Желбата на шефовите во Volkswagen, сопственикот на Bugatti е супер моќна лимузина која ќе го користи постоечкиот мотор 16.4, но сега сместен надолжно напред. Целта не е да се направи автомобил со перформанси на Veyron, туку да се направи најмоќната лимузина на светот.

Причините за продолжување на поколението на Bugatti лежат во екстремно скапиот развој на моторот, менувачот, погонот на четири тркала и останатите компоненти за Veyron, па Volkswagen сака да врати дел од вложените средства.

А единствен начин да се направи тоа е на веќе постоечката платфрома да се направат повеќе модели, еден од нив секако е и долго очекуваната Targa.

 

 

 

Facebook