|
26.05.2008 |
Заедничкиот проект на Renault и
израелската фирма Shai Agassi наречен Better Place или Подобро
Место конечно заживеа во форма на првиот електричен автомобил направен под заедничка капа.
И бидејќи станува збор за израелска компанија, израелците
се први во светот што може да се запознаат со електричниот автомобил за кого Renault
и Shai Agassi велат деќа ќе направи револуција во начинот на транспорт
во годините што доаѓаат.
Секако станува збор за блиска иднина. Во моментов претставениот
автомобил е концепт, кој во форма на првиот сериски електричен автомобил треба
да се појави на улиците низ Израел некаде во втората половина на 2010.
За да ги уверат своите сограѓани, но и светската јавност
во реалноста на проектот двете компании организираа кратко тест возење на еден
паркинг во Тел Авив за сите заинтересирани за електричниот автомобил кој ќе ја
предводи мобилната иднина прво на Израел, а потоа на светот.
Автомобилот ќе го произведува Renault, додека
најголемата финансиска инекција доаѓа од Израелската влада, но и енергетска
компанија од Данска.
|