|
Во погоните на Lamborghini во Сант Агата, Болоњезе после цела деценија присуство на пазарот од производната лента се симна четири илјадитиот примерок на суперспортистот Murcielago.

Јубилејниот 4.000. примерок на Murcielago е обоен во портокалова метална боја со црни леснометални бандажи и детали како преден спојлер, ретровизори, странични отвори за воздух и задно крило изработени од карбон-фибер.
Овој модел e од долго најавуваната серија LP 670-4 SuperVeloce и претставува олеснета и помоќна верзија на Murcielago LP 640 на чија основа е создаден и ќе биде изработен во лимитирана серија од само 350 примероци.
Под хаубата на Murcielago SuperVeloce поставен централно лежи 6.5 литарскиот V12 кој испрачува 670 КС. Поради пониската тежина за цели 100 kg, SuperVeloce остварува сооднос тежина/КС од 2,3 kg/КС доволно за да се катапултира до 100 km/h за 3,2 секунди и да достигне максимална брзина од 342 km/h.
Јубилејниот примерок на SuperVeloce патува за Кина каде свечано ќе му биде предаден на новиот сопственик. Интересно е што токму Кина, односно нејзиниот брзорастечки пазар е причината за големата продукција на Muricielago и рекордните заработувачки на Lamborghini.
Неговиот претходник Lamborghini Diablo кој во продукција се задржа 11 години беше произведен во 2.900 примероци. Што значи дека Murcielago во моментот има зголемена продукција за 38% во однос на Diablo со тенденција овој процент постојано да се зголемува.
Сепак, најпопуларниот и најмногу произведуваниот модел на Lamboghini e Gallardo кој во сериско производство влезе во 2003 и до сега од него се произведени и продадени преку 10.000 примероци.
|