|
03.12.2007 |
Во петок 30 ноември во фабриката на Sеat во Мартотел
беше произведено 6 милионитото возило. Актуелниот модел всушност е Ibiza
Ecomotive 1.4 литарски TDI мотор со 80 коњски сили.
Ibiza Ecomotive со емисија на CO2 од само 99 g/km е еден од
најголемите пријатели на животната средина и е најекомотивното возило што
некогаш е произведено од шпанската марка.
Откако е отворена во 1993 фабриката во Марторел постепено го зголемуваше
производството. Првенствено, дизајнирана за производство на 1.500 возила на
ден, сега произведува 2.000 возила дневно.
Во првата година од стартот на произведството само два модели се
произведуваа на оваа лента, Ibiza и Cordoba, сега се произведуваат седум
различни модели на три различни платформи, со што го прави Seat пионер во
групацијата на VW.
Сите технолошки иновации и новини во производството предизвикаа особено
внимание за фабриката во и вон овој сектор. Заради што повеќе од 10.000 домашни
и странски посетители ја посетуваат секоја година.
Моментално, фабриката во Марторел ги произведува сите модели од гамата на
Seat освен моделот Alhambra, кој се произведува во фабриката на групацијата во
Палмела, Португалија.
|