|
31.03.2008 |
Најпопуларниот модел на Peugeot, 207 е
произведен во 1 милион примероци. Милионитиот 207 се симна од производната
лента по само две години откако стартуваше производството во погоните на Peugeot.
Минатата година Peugeot 207 беше најпродаваниот
модел во Европа успеа да го престигне дури и VW Golf кој
традиционално е лидер на стариот континент. Иако разликата изнесуваше само
2.450 автомбили, сепак тоа е значаен успех за 207 како модел и за Peugeot
како производител.
Во 2007 во Европа беа продадени околу 437.000 модели на
207, а во целиот свет околу 521.000 „двеста седумки”. Дел од успехот на 207 е и
неговата голема палета на моделски верзии, но и моторната понуда каде влегуваат
агрегати со моќност од 70 па се до 175 коњски сили.
|