Get Adobe Flash player
Произведен милионитиот Grаnde Punto
26.11.2008
grande-punto-1-mil-1.jpgТретата генерација на Fiat Punto, поточно Grande Punto ја достигна бројката од 1 милион произведени примероци. Grande Punto стартуваше со производството во 2005.

Милионитиот Grande Punto обоен во Страствено Црвена боја се симна од производната лента на фабриката на Fiat во Мелфи и е наменет за пазарот во Велика Британија.

Станува збор за моделската изведба Sport која под хаубата го носи 1.4 литарскиот турбо бензинец кој остварува 120 коњски сили. Славеничкиот Grande Punto дополнително носи панорамски кров и леснометални бандажи од 17 инчи.

Пакетот Sport заедно со пакетот Racing се дел од моделската година 2008 и заедно се заслужни за дури 25% од целокупната продажба на Grande Punto годинава.

Grande Punto е наследник на две генерации истоимени модели кои беа олицетворение на еден голем успех за Fiat. Првиот Punto се произведуваше од 1993 до 1999 и беше произведен во 3,5 милиони примероци.

Втората генерација на Punto дојде во 1999 и сеуште се продава под името Punto Classic. До сега продукцијата надминала 3 милиони примероци.

Во Fiat се убедени дека Grande Punto гази по нивните стапки и дека и тој ќе ја надмине бројката од 3 милиони произведени примероци.

 

 

 

Facebook