|
27.11.2007 |
Со напуштање на производната лента на првиот XF во
фабриката во Кесл Бромвич, стартуваше најважниот период за Jaguar,
одлучувачки за опстанокот на легендарната марка.
XF го опишуваат како модел преку кого ќе се кршат копјата
во Jaguar, бидејќи доколку не успее да ги освои срцата на купувачите
големи се шансите да биде последниот модел што ќе го носи мачката во скок на
хаубата.
Првиот модел со 4.2 литарски V8 од хауба е
дониран на историскиот музеј на Jaguar Daimler за нивната колекција
и ќе стои рамо до рамо со експонати како што е најстариот преживеан Daimler,
Grafon Phaeton од 1897 и восхитувачкиот Е-Type од 1974 -
последниот што е произведен.
Повеќе од 500 вработени во фабриката се собраа да гледаат
како внукот на Сер Вилијам Лајонс (основачот на Jaguar), Мајкл
Квин го одвезува автомобилот веднаш по напуштањето на производната лента.
|