|
01.02.2012 |
|
Од производната лента на фабриката во градот Квасини во Чешка се симна 14 милионитиот автомобил на Skoda. Тоа е Superb 2.0 TDI комби опремен во луксузното ниво Laurin&Klement.

Иако јубилеен овој модел нема да заврши во музејот на Skoda туку ќе биде испратен на клиент во Германија кој пате, покрај високото ниво на опременост го нарчал и посебниот метален лак во магнетно-кафена боја.
Компанијата која работи од 1905 година нагло го зголемува производството во последните 20 години откако се наоѓа под капата на Volkswagen. Бројките велат дека околу две третини од овие 14 милиони автомобил се произведени тому во последните 20 години.
Само од 2006 година до сега се произведени 4 милиони примероци што уверува за наглиот раст на производството кое според планот на Skoda до 2018 година ќе нарасне до 1,5 милиони примероци годишно.
Минатата година Skoda забележа 879.200 продадени автомобили што се смета за рекорд во долгата историја на марката.
|