|
Рускиот автомобилски гигант AvtoVAZ годинава слави 40 години од своето создавање, а јубилејот е крунисан со именувањето на новиот евтин модел Granta и со производство на 26.000.000 Lada.

Интересно е што за производство на последниот милион примероци од марката Lada беа потребни едвај повеќе од две години, поточно од месец јуни 2008 до средина на месец август 2010, што говори за подобрување на производните услови во погоните на компанијата.
Уште една интересна работа е што Lada од основањето до сега не го прекинала производството на ниту еден модел, тие само се преселувани во други помали погони или работилници низ поранешните републики на Советскиот Сојуз вклучувајќи ја тука и Русија.
Причина за ваквите одлуки на AvtoVAZ е побарувачката на старите модели на Lada низ поренешните Советски републики. Во моментот најпопуларен модел на Lada е Samara која на пазарот егзистира од 1984 и до денес има пазарен удел од 26,6% од сите модели на Lada.
На второ место по популарност е релативно новиот модел Priora на која отпаѓаат 25,3% од вкупната продажба на Lada, а на трето место со 24,1% е моделот којшто наскоро заминува во пензија Lada 2105 и 2107, односно Lada Riva.
Четврт модел е малечката Lada Kalina која зафаќа 17,2% од пазарното учество на Lada, a на последно место е уште една класика Lada Niva или како што сега ја нарекуваат во AvtoVAZ, Lada 4x4 со 6,6 % од продажбата.
Јубилејниот 26 милионите модел кој што се симна од производните ленти на AvtoVAZ е Lada Kalina и за него е обезбедено посебно место во музејот на компанијата во градот Толиати.
А во чест на 40 годишнината на годинешниот салон на автомобили во Москва ќе биде претставен и наследникот на Lada Riva моделот со типска ознака 2190 или ново крстената Lada Granta.
|