Audi RS4 е магичен
автомобил за своите фанови. Со уникатен баланс на цена, перформанси и луксуз, RS4 се изборува за
убава позиција во сегментот на луксузни спортисти.
Со оглед дека почива на платформа стара седум години може
да се каже дека RS4 е
прилично импресивна машина меѓу другото и зато што му отвори пат на својот
наследник кој ќе лежи на сосема нова платформа која во Audi ја
нарекуваат MLP.
Ова не е првпат да се зборува за престанокот на
производството на RS4, но овој
пат не се работи за шпекулација. Туку за официјална потврда од Audi.
Прва ќе замине лимузината, а потоа и Aavant, додека кабриолетот
би требало да остане во производство и во дел од 2008.
Лагерот на лимизината и авантот се очекува да трајат
некаде до декември, но ништо подолго од тоа. Новиот А4 е претставен неодамна,
но за сега на располагање е само стандардната верзија додека тркачите S4 и RS4 ќе дојдат подоцна.
И покрај загриженоста на Audi дека RS4
ќе му пречи на RS6 на пазарот се испостави дека отсуството на S4 и RS4 всушност остава голема празнина
во понудата посебно кога станува збор за цената.
RS6 ценовно е
поставен далеку над RS4, а
послабата верзија S4 е под
него. Без оглед што наумиле експертите во Инголштад фановите на RS4 ќе мора да побрзаат
доколку сакаат да го имаат сега, или пак, ќе го чекаат следниот модел.
Единствено во Audi треба да
се надеваат дека истите тие фанови нема да скокнат во соседните дворови и каде
ќе можат да си купат BMW M3
или Mercedes C63 AMG.
|