Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пропаѓа ли бракот меѓу VW и Suzuki?
12.09.2011

Повеќе нема тајни кога е во прашање бракот меѓу Volkswagen и Suzuki. Тој стои на стаклени нозе со силно нарушени односи меѓу двете компании и исходот за негова иднина треба да се дознаe наскоро.

vw-suzuki-logo-1-2011-1

Партнерството беше склучено кон крај на 2009 година кога VW купи 19,9% од Suzuki. Неполни две години подоцна работите стигнаа до силни обвинувања. Прв обвини Suzuki за што пишувавме, а сега стигнува против одговор од Volkswagen.

Во официјално соопштение кое доаѓа од Волфсбург се вели дека Suzuki нарушил ставка од договорот и купил дизел мотори од друг производител. Не е наведено за кој производител станува збор, но се знае дека тоа е Fiat.

Suzuki неодамна потпиша таков договор, односно го продолжи договорот со Fiat Group за испорака на дизел мотори и соработка на поле на развој на заеднички модели.

Од Volkswagen истакнуваат дека на Suzuki му се дадени неколку седмици да го реши настанатиот проблем. Воедно VW вели дека иако исполнувањето на заедничките цели со Suzuki оди бавно крајната цел ќе биде исполнета.

VW не е разочаран од соработката со Suzuki и смета дека вложувањето во јапонскиот гигант е атрактивна инвестиција која ќе заврши со позитивни резултати за двете марки.

Suzuki сеуште нема официјален став кој ќе одговори на обвинувањето на VW.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook