|
07.06.2010 |
|
Volkswagen го модернизира својот компактен SUV, Tiguan. Доказ е каталогот наменет за дилерската мрежа чија скенирана верзија се појави на интренет откривајќи ги новините на Tiguan.

Обновениот Tiguan како и останатите модернизирани модели на Volkswagen го следи корпоративниот имиџ и го менува стилот. Новата предница јасно се гледа на фотографијата која за жал е со лош квалитет.
Сепак, јасно се гледа новиот лик со редизајнирани предни светла кои имаат повпечатлива оптика и светлечки диоди за возење дење и развлечената маска со хромирани хоризонтални пречки.
Нов е и предниот браник и леснометалните бандажи кои во Volkswagen посебно ги исткануваат. Во каталогот е наведен и новиот дизајн на вртливите копчиња од мануелниот клима уред и измените на помошната конзола поставена на таванот.
Големи промени во механиката не се очекуваат. Остануваат познатите мотори кои со мали измени би требало да остваруваат пониска емисија на издувни гасови и постојаниот погон на четири тркала.
Модернизираниот Tiguan треба да се појави на есен на салонот во Париз.
|