|
Наследникот на еден од најуспешните модели на Hyundai, Elantra на некои пазари познат и како Avante, којшто ја доживеа премиерата на салонот во Бусан на крајот од април сега го открива ентериерот.

Фотографијата е првиот официјален фотос од ентериерот на Elantra прикажан од Hyundai. Од она што се гледа јасно е дека компактниот седан на Hyundai и во ентериерот ја продолжува дизајнерската тема начната од новата Sonata.
Првенствено на арматурата, но и на панелите од вратите преовладуваат флуидни закривени линии кои на места се пресечени со остри рбови и агли. Со средината на арматурата владее голем екран и под него командите од клима уредот и аудиото.
Инстурментите се составени од два огрмни круга во кои вртата стрелките од брзиномерот и бројачот на вртежи, додека меѓу нив е поставен екран од патниот компјутер на кого се прикажуваат остантите параметри.
Новата Elantra се сега ќе се нуди само на пазарот во Јужна Кореа и тоа со еден мотор. Атмосферскиот бензинец од новата генерација мотори на Hyundai кој има директно вбризгување и зафатнина од 1.6 литри.
Четири цилиндарецот остварува максимална снага од 140 КС и максимален вртежен момент од 166 Nm. Ценовниот старт на Elantra во Јужна Кореа е околу 15 милиони вона, или околу 9.500 евра.
Кога Hyundai ќе одлучи да го продава компактниот седан во Европа сеуште нема информација. Но, кога и да се случи тоа едно е сигурно. Цената на стариот континент нема да стартува од околу 9.500 европски банкноти.
|