Lexus веќе ја подгреа светската јавност со првиот официјален компјутерски
генериран фотос или скица од својот нов концептен компакт кој премиерно ќе биде
прикажан во Франкфурт.
Денес покрај скицата доаѓа и првата официјална
фотографија од задната четвртина од автомобилот заедно со неговото име кое во
полн формат гласи Lexus
LF-Ch Concept.
На фотографијата може да се забележи дека автомобилот
личи прилично реалистички, но дека сепак е концпет и дека за во сериско
производство ќе треба да претрпи одредени измени кои би требало да го приземјат
за што многумина ќе негодуваат.
Комплексни релјефни форми на задниот дел, тенки
ретровизори кои индицираат дека во нив се наоѓа камера за поглед кон назад,
леснометални бандажи кои повеќе наликуват на скулптура... Сето тоа ќе треба да
се направи далеку поедноставно бидејќи за во сериско производство потребно е
штедење.
Од Lexus
покрај фотографијата ни го откриваат и значењето на
името. Ознаката LF вели дека станува збор за концепт, а наставката Ch дека
во прашање е хибрид.
Првичните информации наговестуваат дека производството на
LF-Ch не е така блиску како што се очекуваше на прва топка.
Најверојатно компактот на Lexus ќе влезе во серија дури 2012.
Целта е прво да се нападне европсккиот пазар и
конкурентите од премиум сегментот меѓу компактите како Audi A3 и BMW Серија 1. Држејќи ги на нишан Lexus за својот компакт најавувa стартна цена од малку над 20.000 евра.
Не е малку, но со оглед на хибридниот погон, можноста за
возење само во електричен модус, ниска емисија на СО2 а со тоа и пониски
давачки во ЕУ, ниската потрошувачка и луксузното уредување цената може да
мине.
|