Get Adobe Flash player
Прв фотос од новиот RAV4
17.02.2010

Иако заглавена во една од најголемите акции за отповикување заради грешка на своите возила Toyota побрза да го најави претставувањето на новиот RAV4 кое е закажно за претстојниот салон во Женева.

toyota-rav4-2010-1

Како што е најавен фејслифтот на новиот RAV4 опфаќа модернизирање на предната маска, поставување на нов браник, редизајнирање на предните светла и на светлата за магла.

Барем тоа е она што може да се забележи кај предницата. Задниот дел сеуште останува да биде сокриен под велот на тајната. Најавени се измени и за во ентериерот, но нема информации што се ќе опфаќаат тие.

Што се однесува до механиката RAV4 треба да добие одредени подобрувања, а обновени ќе бидат и моторите кои припаѓаат на новото семејство на агрегати на Toyota наречено Optimal Drive.

Последен пат RAV4 е обновен во 2008 кога доби нова маска, преден браник и задни светла. Повеќе информации се очекуваат на премиерата во Женева.

 

 

 

Facebook